Станковиќ исвиркан, Црвена звезда испадна од Лига на шампиони

Во едно од најлошите изданија во последните неколку децении, Црвена звезда изгуби 0-2 на домашен терен од израелскиот шампион Хапоел Бер Шева и со поразот 1-0 на првиот дуел катастрофално го заврши патот до Лига на шампиони. Станковиќ доби црвен картон поради навреди кон судијата, па беше исвиркан од дел од публиката со која влезе во конфликт.

После натпреварот белградските медиуми пренесоа вест дека Станковиќ заминал од клубот и дека се збогувал со играчите. Црвена звезда ќе добие нов тренер. 

Црвена звезда сега ја чека плејоф дуел за Лига Европа против чешка Викторија Плзењ.

На останатите натпревари во квалификации за Лига на шампиони, Динамо Загреб лесно се справи со Жалгирис од Каунас па по триумфот во Загреб славеше и на гости со 1-2.

Од ЛШ испадна и грчки Олимпијакос кој изгуби 2-1 од холандски НЕК Најмеген (во Пиреја на првиот натпревар беше 1-1). Понатаму оди и Слован Братислава кој го победи Мјалби 2-0 и Целје кој славеше 2-0 против Арарат. Фенербахче ја оправда фаворитската улога и го победи пак Штурм Грац, со 0-1 на гости.

Големо изненадување летово е и Левски Софија, бугарскиот првак победува во серија и стигна до последното скалило пред Лига на шампиони што би било историски успех за клубот од Софија.

Левски ќе игра со АЕК Атина.

Парови плејоф за влез во Лига на шампиони:

ЛЕВСКИ СОФИЈА - АЕК АТИНА
ДИНАМО ЗАГРЕБ - ВИКИНГ
ФЕНЕРБАХЧЕ - ОЛИМПИК ЛИОН
НЕК - БОДО ГЛИМТ
СЕЛТИК - ЛАСК ЛИНЦ
ХАПОЕЛ БЕР ШЕВА - САБАХ
СЛОВАН БРАТИСЛАВА - ЦЕЉЕ

12 август 2026 - 09:25