Хвича Кварацхелија правеше шоу, ПСЖ пак го освои Супер Купот

Европскиот шампион ПСЖ уште еднаш покажа дека е најсилна екипа во моментов во Европа откако го одбрани трофејот во УЕФА Суперкупот. Парижаните со 2-1 ја победија Астон Вила во Салцбург и покажаа дека уште се гладни за трофеи.

Пари Сен Жермен ја победи Астон Вила со головите на Хвича Кварацхелија во 20-та и Дезире Дуе во 61' минута. Единствениот гол за тимот од Бирмингем го даде Брајан Маџо во 45' минута.

Брајан Маџо со само 17 години и 212 дена стана најмладиот стрелец на гол во УЕФА Супер Купот. Го надмина рекордот кој го држеше Патрик Клајверт од 1996-та година кога даде гол во Суперкуп на 19 години и 220 дена.

ПСЖ минатата сезона беше подобар од Тотенхем на пенали во Суперкупот, неколку месеци подоцна го совладаа Арсенал во финале на Лига на шампиони а сега пак победија уште еден англиски клуб.

Астон Вила и ПСЖ одиграа мастрален натпревар, полн со набој, невообичаено за овој подготвителен период од годината пред новата сезона.

Хвича Кварацхелија покажа зошто важи за еден од највештите дриблери и стрелци а Дезире Дуе само ја потврди победата за ново славје на ПСЖ.

 

13 август 2026 - 09:35