Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Англија не се плаши од пораз

Новиот капитен на англиската репрезентација, Стивен Џерард свесен за квалитетот на противникот во првиот настап на Европското првенство, истакнува дека евентуалниот пораз од Франција нема да биде решавачки за конечната разврска во групата Д каде настапуваат уште селекциите на Украина и Шведска.

Мурињо против тактиката на Дел Боске

Тренерот на Реал Мадрид, кој на Европското првенство во Полска и Украина е ангажиран како стручен коментатор на телевизиската станица Ал Џезира ја критикуваше тактиката на шпанскиот селектор, Висенте дел Боске и потенцираше дека изборот да се почне натпреварот против Италија без ниту еден класичен напаѓач е погрешен.

Хамилтон за историја

Луис Хамилтон е победник на седмата трка од Светскиот шампионат во формула 1, а се возеше за Големата Награда на Канада. Возачот на МекЛарен е седми различен победник на една трка во досегашниот тек од сезоната со што испиша нова страница во историјата на ова натпреварување.

Германија и Португалија на дисциплинска

Европската фудбалска асоцијација најави дека ќе покрене дисциплинска постапка против фудбалските федерации на Германија и Португалија и дека двете асоцијации се соочуваат со евентуална казна.

Незаслужена победа на Германците

Португалскиот репрезентативец, Пепе по поразот од Германија изјави дека противникот не ја заслужил победата бидејќи во текот на целиот натпревар двата тима биле рамноправни и дека двете селекции на крајот требале да освојат по еден бод.

На Грците не им е до фудбал

Иако во моментов во центарот на вниманието на спортската јавност на Стариот континент се натпреварите на Европското првенство, објавени се податоците за гледаноста на 16 национални првенства. Според неа најголем пад на посетеност на стадионите има во Грција додека рекорден пораст е забележан во Украина.

Сензација во Харков

Репрезентацијата на Данска со победата од 1:0 во дуелот против Холандија го направи првото големо изненадување на 14-тото Европско првенство. Натпреварот беше решен во 24-тата минута, а стрелец на голот беше Михел Крон Дели.

Македонија подобра од Австрија

Во првиот натпревар од баражот за пласман на Светскиот шампионат, македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Австрија со 26:21. Според прикажаната игра во првото полувреме победата можеше да биде и поубедлива, но падот во играта во вторите 30 минути на крајот беше клучна за триумфот, кој се уште не ни гарантира дека ќе биде дел од ракометниот Мундијал.

Холандија мора да победи

Борбата за пласман на првите две места во Б групата на Европското првенство во Полска и Украина ја отвораат селекциите на Холандија и Данска, а мечот стартува од 18 часот и ќе се одигра на стадионот на Металист во Харков. Двете селекции имаат амбиција да се пласираат во вториот круг и затоа првиот настап е од големо значење, но сите предноста и ја даваат на селекцијата на Холандија, која се вбројува и меѓи најсериозните кандидати за конечен триумф.

Прво искушение за Германците

Дербито во првото коло од Б групата се игра од 20 часот и 45 минути, а на арената во Лвов се среќаваат селекциите на Германија и Португалија. Овој дуел е првото соочување на тима кои имаат големи амбиции на турнирот, а двете селекции според квалитетот оправдано се вбројуваат меѓу фаворитите за највисок пласман.

Преку Австрија до Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација, денеска од 16 часот и 30 минути во арената Борис Трајковски ќе го одигра првиот меч од двобојот со селекцијата на Австрија, а поуспешниот во двата натпревари обезбедува настап на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Шпанија.

Русија може подобро

Селекторот на репрезентацијата на Русија, Дик Адвокат по триумфот над Чешка со 4:1 воопшто не беше еуфоричен и победата на неговите избраници ја оцени како многу добар резултат. Холанѓанецот на клупата на Русија, очигледно е свесен дека ова е само прв натпревар на турнирот и дека нема потреба од еуфорија бидејќи за пласман во следната рунда потребни се победи и во дуелите со следните противници.

Перфектен старт на Русија

Во првиот настап на Европското првенство во Полска и Украина, селекцијата на Русија забележа убедлива победа од 4:1 во дуелот против Чешка. По овој триумф, но пред се според прикажаната игра во деведесетте минути на теренот во Вроцлав, избраниците на селекторот, Дик Адвокат потврдуваат дека со право се вбројуваат меѓу главните фаворити во групата А, но и дека се меѓу најсериозните кандидати за највисок пласман.

Најмоќните спортски фотографии

Велат една фотографија вреди 1000 зборови. Овие спортски фотографии вредат многу повеќе.

Започнува шоуто на ЕУРО 2012

По чекање од четири години, дојде и тој ден. Започнува фудбалскиот спектакл на кој 368 играчи од 16 репрезентации ќе атакуваат на пехарот од Европското првенство во Полска и Украина.

Леброн за мајсторка на Истокот

Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.

Глумецот Тони Паркер

Џабе беше во брак со Ева Лонгорија кога ништо не научил од неа. Паркер не може да одглуми ни еден фаул.

Лионел Меси е најпродуктивен фудбалер

Фудбалската опсерваторија на ФИФА во рамките на Интернационалниот центар за спортски студии го прогласи Лионел Меси за најпродуктивен фудбалер во конкуренција на играчите од петте најсилни лиги во Европа.

Побрзи од сирената

Најдобрите поени во последна секунда од досегашниот тек на сезоната во НБА лигата.

Шпанија го загуби трагичарот Пресиадо

Само еден ден откако беше именуван за нов тренер на Виљареал, од срцев удар почина 54-годишниот Маноло Пресиадо, омилениот лик во шпанскиот фудбал чиј живот беше одбележан од трагедии.

19 години од смртта на Дражен Петровиќ

На денешен ден во 1993-та година во сообраќајна несреќа во Германија на 28-годишна возраст загина Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња.

Веселиот Бразилец од Финска

Бразилецот Марсело Матроне кој игра во третата фудбалска лига во Финска стана познат во цел свет, но не по неговите голови.

Оклахома преку Сан Антонио до НБА финалето

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер направија голем пресврт против Сан Антонио Спарс во финалната серија на Западната конференција и се пласираа во големото финале на НБА лигата.