Ридинг и Арсенал беа дел од еден од најинтересните натпревари одигран во историјата на фудбалот и натпревар кој долго ќе се раскажува.
Арсен Венгер реши да му се спротистави на Ридинг со комбиниран состав, но тоа можеше да го чини елиминација од Лига купот затоа што по 37 минути домаќините веќе водеа со 4:0.
Но фудбалерите на Арсенал дури тогаш се разбудија и пред крајот на полувремето Волкот намали на 4:1. Во второто полувреме Жиру и Кошчелни намалија на 4:3, а кога судијата се подготвуваше да отсвири крај, Волкот успеа да израмни на 4:4.
Во првото продолжение Арсенал со голот на Шамак поведе со 4:5, но во 116-та минута израмнија домаќините преку Погребњак. Сепак во последната минута од второто продолжение, Тео Волкот го комплетираше својот хет-трик, а во последните секунди Шамак ги постави конечните 5:7.