Фудбалерите на Јувентус ја продолжија неверојатната серија од 48 натпревари без пораз, но овој пат нивната победа на гостувањето на Катанија паѓа во сенка на двете огромни судиски грешки.
Домашните фудбалери беа рамноправни противници во текот на целиот натпревар, а во 25-та минута тие и поведоа, меѓутоа судојата Џервасони го поништи голот на Бергесио заради наводна офсајд позиција.
Јувентус дојде до победата со голот на Видал во 57-та минута, меѓутоа и во оваа ситуација судиите направија огромен превид затоа што претходно Бендтнер беше во офсајд.
Десет минути подоцна Катанија остана и со фудбалер помалку откако втор жолт картон заработи Маркезе, па Јувентус немаше проблеми да го задржи водството до крајот.