Актуелниот шампион стартуваше од пол позицијата и доминираше во текот на целата трка за ГН на Индија.
На втората позиција заврши Фернандо Алонсо, со што сега бодовнат предност на Фетел изнесува 13 поени. На подиумот имаше место и за Марк Вебер од Ред Бул кој го издржа притисокот од Луис Хамилтон.
Себастијан Фетел со 240 поени се наоѓа на првото место во генералниот пласман, пред Алонсо со 227 и Кими Раиконен со 173 кој на денешната трка заврши на седмата позиција.
Селдната трка од Формула 1 шампионатот ќе се вози во Абу Даби за седум денови.