Во Премиер лигата од година на година се забележува зголемување на бројот на гледачи, а растот е повпечатлив ако се знае дека вкупната бројка на гледачи во моментов на сите натпревари е поголема од онаа од минатото и покрај тоа што тогаш се играле повеќе натпревари. Сè до 1995-та година во Премиер лигата играа 22 екипи и беа одигрувани по 462 натпревари, а во моментов во Премиер лигата учествуваат 20 екипи и во сезоната се играат по 380 натпревари.
Рекорд на најниска посетеност е забележан во 1984-та година кога 462 натпревари биле проследени од вкупно 8.711.448 гледачи. Највисока посетеност имало во 2008-та година кога и покрај тоа што биле одиграни 82 натпревари помалку, на стадионите имало 13.708.875 гледачи.
За разлика од минатата сезона кога играа Вулверхемптон, Болтон и Блекбурн, оваа сезона пласман во Премиер лигата изборија Вест Хем, Саутемптон и Ридинг кои привлекуваат далеку поголем број на гледачи од екипите кои испаднаа.
Раст на бројот на гледачи е забележан и на натпреварите на некои екипи кои подолго време се константни во Премиер лигата, па така на натпреварите на Њукасл оваа сезона одат по 9% повеќе гледачи од минатата.
Оваа сезона во просек на натпреварите во Премиер лигата има по над 36 илјади гледачи, што е раст од 4% во однос на минатата сезона, па ако продолжи овој тренд, се очекува дека до крајот на сезоната ќе биде срушен рекордот и сите натпревари ќе бидат проследени од скоро 14 милиони гледачи.