Не стивнуваат реакциите од страна на Катанија на сметка на судиите кои ги оштетија на натпреварот со Јувентус. Тие посебно се гневни на помошникот Лука Маџани кој го поништи нивниот регуларен гол.
Денес се огласи и претседателот на клубот, Антонио Пулвиренти. Тој го обвини помошникот кој го убеди главниот судија Џервасони да го поништи голот дека е навивач на Јувентус. Како доказ за ова негово тврдење тој ја наведе фан страната на судијата на Фејсбук.
„На профилот на Маџани на Фејсбук го има амблемот на Јувентус. Секој има право да навива за кого сака, но по она вчера веќе не знам што да си помислам. Не сум специјалист, но убеден сум дека таа страна на Фејсбук е на Маџани, а не на негови фанови", изјави претседателот на Катанија.