Легендарниот Ди Канио во моментов работи како тренер во англискиот клуб Свиндон со кој минатата сезона имаше голем успех и го предводеше тимот до пласман во третата лига.
Оваа сезона во второто коло од Лига купот Свиндон го елиминираше премиерлигашот Стоук Сити, а вечерва во рамките на четвртото коло тие се среќаваат со Астон Вила.
Ди Канио кој во минатото настапуваше четири сезони за Вест Хем, се присети на моментот кога со неговиот гол беше елиминиран Манчестер Јунајтед и посака вечерва неговиот тим да го повтори тој успех и против Астон Вила.
„Бев воодушевен кога го постигнав голот против Манчестер Јунајтед и видов како 9.000 наши навивачи слават толку далеку од дома. Елиминацијата на Манчестер беше неверојатна, исто како да сум имал секс со Мадона, а победа над Астон Вила како менаџер исто така добро би ми дошла."
„Подобро од секс со Мадона? Ајде да пробам, да ќе ви одговорам", изјави Ди Канио.