Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Банкарот кој воведе нови шеми во фудбалот

Човекот кој работи во сенка во екипата на Фиорентина не и е многу познат на јавноста, но тој го носи прекарот "магионичар" затоа што за 38% проценти од постигнатите голови на „Виолетовите" заслугите му ги препишуваат нему.

Македонија на 80-та позиција на ФИФА листата

На најновото рангирање на ФИФА и прво за 2013-та година, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за една позиција и се искачи на 80-то место.

150 години ФА

Фудбалската асоцијација на Англија оваа година прославува 150 години од постоењето. Како дел од одбележувањето на јубилејот, тие го направија и ова видео од 150 секунди со најважните моменти од историјата на англискиот фудбал.

Леброн Џејмс најмладиот до 20.000 поени

Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.

Најинспиративните спортисти на годината

Признанието за спортист на годината од страна на магазинот Sports Illustrated му припадна на Леброн Џејмс, но тој ова признание им го посвети на браќата Лонг. Конор има 9, а Кајден 7 години и има церебрална парализа, но тие двајцата заедно се натпреваруваат во триатлон.

Реми во драматичен финиш за Македонија

Иако големата Русија постојано беше во водство, избраниците на Шундовски во последните мигови од средбата освоија драгоцен бод во четвртото коло од светскиот ракометен шампионат во Шпанија.

Фановите го избраа тимот на годината

Читателите на сајтот на УЕФА го изгласаа најдобриот состав за 2012 година. Во изборот учествуваа рекордни 5,3 милиони љубители на фудбалот што е за 20% повеќе од минатата година.

Нов начин на вреѓање судии

Дисциплинската комисија му одреди парична казна од 10 илјади евра на претседателот на италијанскиот четвртолигаш Нуово Кампобасо кој на разгласна табла го навреди судијата.

Најнесреќниот слободен удар

Фудбалерот на Обединети Арапски Емирати, Камис Исмаел на натпреварот против Кувајт изведе слободен удар кој може да се прогласи за најнесреќен во историјата на фудбалот.

Сите 17 тимови на Барса победија викендов

За прв пат во историјата на клубот, овој викенд победија тимовите во сите можни возрасни категории.

ФИФА ќе му компензира на Реал Мадрид

Реал Мадрид е еден од првите клубови кои ќе профитираат од новата шема на ФИФА за плаќање компензација при повреда на фудбалери.

Ветераните најпопуларни на пазарот

Играчите кои се на залезот на својата кариера и кои ја надминаа 30 година од својот живот се имињата кои најчесто се вртат во медиумите како трансфери кои ќе го одбележат јануарскиот преоден рок.

Го седна

Поранешниот НБА играч, Гилберт Аренас во моментов си поигрува со противнички играчи во кинеската лига.

Скапи гостувања во Премиер лигата

Навивачите на англиските гиганти плаќаат и по 200 фунти повеќе од навивачите на послабите клубови кога одат на гостувања, а најскапо си поминуваат оние кои одат на гостувањата на Манчестер Јунајтед.

Тимска тепачка

Иранскиот фудбал бил многу интересен. По лудиот фудбалер кој прескокна ограда, оваа недела имаме видео од двајца соиграчи кои се истепаа на сред натпревар.

Македонија поразена во третата рунда

Македонската ракометна репрезентација го забележа првиот пораз на Мундијалот во Шпанија. Избраниците на Шундовски немаа лек за тешкиот противник Исланд кој славеше со 23:19. 

Не се закачај со НБА ѕвезди

Млад навивач на Јута Џез кој од првите редови го бодреше својот тим кој се сретна со актуелниот шампион Мајами Хит претера со своето однесување. По интервенцијата на Двен Вејд, момчето беше исфрлено од сала како непослушните деца на театарска претстава.

Нема надеж за тие што губат на полувреме на Олд Трафорд

Екипите кои на полувреме губат на гостување кај Манчестер Јунајтед можат да заборават на поените. Скоро 30 години никој нема победено на Олд Трафорд откако губел на полувреме.

Италијанско четвртолигашко голчиште

Андреа Гасбарони од Монца на натпреварот против Римини понижи пет противнички фудбалери пред да ја затресе мрежата во стилот на Пандев против Јувентус.

На судијата “советник“ му забранија да суди

По делењето совети на играчите на Манчестер Сити за тоа како треба да се почитуваат навивачите, на помошниот судија од мечот Арсенал – Манчестер Сити му забранија да суди натпревар од ФА Купот.

„The Special One“ одбележува 600 натпревари

Најозборуваниот тренер во денешницата, на вечерашниот четврфинален меч против Валенсија ќе прослави 600 настапи како тренер во својата кариера. Најдолго до сега остана на клупата на Челси каде на 185 натпревари подигна 6 пехари.

Бугарскиот ќелавко ќе оди во затвор

Јордан Лечков, познатиот бугарски ќелавко кој се прослави на Светското првенство во САД во 1994-та година, е осуден на казна затвор во траење од две години.

Како лажеше Армстронг

По долга истрага, негирање и лажење, Ленс Армстронг синоќа конечно призна дека се допингувал. Еве како изгледаа неговите претходни изјави на оваа тема.