Нема надеж за тие што губат на полувреме на Олд Трафорд

Екипите кои на полувреме губат на гостување кај Манчестер Јунајтед можат да заборават на поените. Скоро 30 години никој нема победено на Олд Трафорд откако губел на полувреме.

Олд Трафорд уште пред ерата на Фергусон важи за тешко освоива тврдина посебно ако Манчестер Јунајтед води на паузата.

Последен пат кога некој тим успеал да замине со трите поени, а да губел на полувреме, е екипата на Ипсвич. Тоа се случи на 7 мај 1984-та година кога на полувремето Манчестер Јунајтед воделе со 1:0, а на крајот Ипсвич славел со 1:2. По овој пораз, екипата на Ливерпул ја зголеми предноста на пет поени и таа сезона ја освои својата 15-та титула.

Осум години подоцна се оформи Премиер лигата која оваа година слави 21 година и за цело тоа време Манчестер Јунајтед нема загубено натпревар кога води на полувреме.

Од формирањето на Премиер лигата во 1992-та година, Манчестер Јунајтед на полувреме на Олд Трафорд воделе на 212 натпревари и на крајот победиле на 200 од овие натпревари, а само на 12 противникот успеал да освои поен.

Последна ваква победа Манчестер Јунајтед оствари викендов кога по првите 45 минути водеше со 1:0 и на крајот го победи Ливерпул со 2:1.

Последниот тим кој си заминал со поен откако губел на полувреме е Вест Бромвич Албион. На 16 октомври 2010-та година, Манчестер Јунајтед на полувреме водеше со 2:0, а конечниот резултат беше 2:2.

15 јануари 2013 - 13:51