
Одлуката за забрана за судење која стигна како еден вид казна, ја донесе комесарот за делегирање на судии на Фудбалската асоцијација на Англија, а се однесува на мечот од ФА Купот помеѓу ВБА и КПР. Според ова тело Џон Брукс не смеел да им се меша на фудбалерите и да ги подучува како треба да се однесуваат со нивните навивачи.
По завршувањето на неделниот натпревар од Премиер лигата помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, судијата беше "уловен" од камерите како им вели на Харт и Лескот да им ги испочитуваат нивните навивачи кои платиле 62 фунти за да дојдат на гостувањето на "Емирати".
Брукс се обиде да ги подучи фудбалерите на Сити, затоа што на само неколку дена пред мечот навивачите на Сити протестираа поради скапите влезници и од 3000 билети, 912 им беа вратени на домаќините.