Реакцијата на линискиот судија кој по завршувањето на мечот му се обрати на голманот на Сити Џорџ Харт, а потоа и на Лескот, е поради протестите на навивачите на актуелниот англиски шампион за скапите влезници на гостувањето на „Емирати“. Од 3000 билети кои им следуваа на „Граѓаните“, Манчестер Сити беше принуден да врати речиси половина, поради цената од 62 фунти (75 евра) која не им одговараше на фановите.