Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Утката на Леброн

Леброн Џејмс ја има најдобрата сезона во неговата кариера со просек од 27 поени, 8 скока и 7 асистенции, но и тој е човек и знае понекогаш да згреши.

Новото лого на ПСЖ

Со доаѓањето на новите богати газди од Катар, Парис Сент Жермен го претставни новото лого, но со бришењето на годината на основање „1970", претпоставките укажуваат дека со тоа клубот сака да ја означи новата ера во клубот.

Баерн Минхен фаворит за титулата во Лига на шампиони

Според кладилниците, екипата на Барселона беше главен фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампиони уште пред да почне сезоната, но по одигрувањето на натпреварот со Милан, фаворитската улога ја превзеде Баерн Минхен.

Новиот асистент на тренерот

За време на тренинзите на екипа од третата полска лига, овој тренер доби нов асистент кој го следи секој неков чекор. За сега останува непознато, дали се тандем и за време на натпреварите.

Рекордни отпуштања во Англија

Во текот на оваа натпреварувачка сезона дури 40 проценти од клубовите ги прекинале договорите со тренерите. Статистички гледано оваа сезона си заминале најмногу тренери во однос на претходните 6 години.

Мотивациското видео на Барселона

По поразот од 2:0 на гостувањето кај Милан, екипата на Барселона треба да направи голем камбек на Камп Ноу, нешто што не е невообичаено во историјата на клубот. За да ти потсетат и мотивираат навивачите, но и самите фудбалери, Барселона на својата вебстрана го објави ова кратко видео.

Уапсен главниот местач на фудбалски натпревари?

Сингапурската полиција потврди дека го испрашува Тан Сет Енг, или познат како Дан Тан, човекот за кој се смета дека е шеф на криминалната група која има наместено стотици фудбалски натпревари низ целиот свет.

Мажоретка, салто, кош од пола терен

Веројатно никако не можете да ги споите овие три поими, но мажоретката Ешли Арнау од еден универзитет во Мисисипи успеа да постигне кош од пола терен и тоа со салто.

Навивачите на Фенербахче уфрлија бакљи со падобран

Турците се надминуваат себеси. Заради фрлање на бакљи, УЕФА им забрани на навивачите на Фенербахче да присуствуваат на натпреварот против БАТЕ Борисов, но тие повторно најдоа начин како да уфрлат бакљи на терен.

Пандев се прости од Европа, Стеауа го шокираше Ајакс

Со поразот од Викторија Плзен од 2:0, екипата на Наполи уште еднаш го потврди бледото издание на меѓународната сцена. Вториот наш претставник во Лигата на Европа, Даниел Георгиевски ги продолжува настапите во осминафиналето, откако по регуларните 2:0, Стеауа славеше на пенали против Ајакс со 4:2.

Барселона го понижи Фенербахче

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Барселона требаше да биде еден од поинтересните во осмото коло од Евролигата, но Шпанците го демолираа турскиот тим со 39 разлика по што Бо Мекејлеб се збогува со кошаркарската Евролига.

Билети за Хрватска – Србија ниту за лек

Квалификацискиот натпревар помеѓу двата големи ривали од нашата група предизвика вистински хаос на продажните места во неколку хрватски градови. Хрватските навивачи спиеа на температури под нулата, само за да бидат дел од големата битка на 22 март на „Максимир".

Погледнете ги овие загрижени лица

По враќањето од Милано, фудбалерите на Барселона изгледаат како да се веќе елиминирани од Лигата на шампионите. Еве како изгледаше каталонскиот тим по поразот од Милан со 2:0.

Манчестер Јунајтед е најмалку посакуван гостин

Играњето на гостински терен е тешка задача за секој клуб во Премиер лигата. Во 21-годишната историја на лигата, само Манчестер Јунајтед има победено на повеќе од половината гостински натпревари.

Операцијата „Ласт бет“ не застанува со апсења

Новото име од бившите ју-простори кое денеска заврши со лисици во Италија, поради местење натпревари е Словенецот Адмир Сулиќ. Тој се смета за еден од главните посредувачи од криминалната организација, кој имал задача да дејствува во јужна Европа.

Кошаркарите на Ефес дел од феноменална скриена камера

Челниците на Анадолу Ефес сакале да снимат нова реклама за клубот во која главната улога ќе ја имаат нивните кошаркари. Тоа и го сториле, но без нивно знаење.

Невозможнa мисиjа за Наполи

Единствените двајца македонски претставници во второто по ранг клупско европско натпреварување, вечерва се пред тежок испит. Горан Пандев ќе ја брка предноста на Викторија Плзен од 3:0, а тимот на Даниел Георгиевски со негатива од 2 гола го пречекува Ајакс.

Не фати милион фунти во кладилница заради Барса

Англичанецот Сајмон Пике беше блиску до погодување на точните резултати на сите 8 натпревари во Лигата на шампиони и да добие милион фунти во кладилница. Последен резултат кој го чекаше беше победа на Барселона од 0:2.

Вулгарна прослава

Оваа прослава при постигнат гол во мексиканскиот фудбалски шампион е пример, како не треба да се радувате кога ќе ги затресете мрежите. Срамната идеја ја практикуваат Луис Техада од Толука и Ефраин Велард од Пумас кои за овие гестови добија казна од по 7500 евра.

Првиот гол на Милан е чист

Голот на Боатенг против Барселона предизвика многу полемики, но новите снимки докажуваат дека Запата не играл со рака.

Најдобриот стрелец игра како напаѓач само 3 сезони

Кога ќе се спомене Галатасарај, сите веднаш помислуваат на Дидие Дрогба и Весли Снајдер, но човекот кој е најзаслужен за досегашниот успех на турскиот тим се вика Бурак Јилмаз, најдобриот играч по групната фаза и водечки стрелец во Лигата на шампиони.

Милан ја сруши Барселона

По долгата доминација на Барселона, фудбалерите на Милан конечно ги покорија „Каталонците". Барселона цел натпревар не упати удар во рамките на голот и Милан на реваншот ќе патува со 2:0. Шалке го преживеа пеколот во Истанбул и одигра 1:1 на гостувањето кај Галатасарај.

Пилотите на Ф1 очекуваат повеќе запирања во боксот

Брзото трошење на новите гуми на „Пирели" кои ќе се користат во новата сезона во Ф1 ќе придонесе за повеќе запирања во боксот, а тоа треба да значи и поголема возбуда на трките, сметаат дел од водечките пилоти.

Празните седишта носат милионски загуби во Англија

Според последните анализи на агенцијата за истражување „BDRC Continental", половина од клубовите во Премиер лигата трпат загуби од над милион фунти поради неисполнетите стадиони.