Капитенот на нашиот национален состав и оваа сезона предвреме се збогува од настапите во Лигата на Европа. По тешкиот пораз пред своите навивачи од 3:0, Наполи загуби и на реваншот во Чешка и со вкупен резултат од 5:0 ги завршува настапите на европската сцена.
Горан Пандев беше на теренот во текот на сите 90 минути, но повторно одигра под своите можности. По елиминацијата во Купот на Италија, а вечерва и во Лигата на Европа, на нашиот интернационалец му преостануваат само натпреварите во Серија А, каде за Скудетото ќе се обиде да му конкурира на Јувентус.
Вториот наш претставник Даниел Георгиевски останува единствениот македонски фудбалер кој ќе се бори на меѓунароните натпреварувања. За Холанѓаните резултатот од 2:0 од првиот натпревар очигледно не беше доволен за осминафинале. Романците преку Латовлевици и Кирикес возвратија со иста мера, а по изведувањето на пеналите беа подобри со 4:2.
Интересен и возбудлив натпревар одиграа екипите на Ливерпул и Зенит. По првите 2:0 во Русија, составот на Спалети поведе прв на „Енфилд Роуд" со голот на Хул во 19 минута, но домаќините не се предадоа и со фантастичните два погодока на Суарез од слободен удар и со голот на Ален, на половина час до крајот имаа водство од 3:1 кое не им беше доволно за пласман во осминафиналето.
По поразот на Лион Тотенхем во последните моменти на првиот меч во Лондон, французите се соочија со реприза и пред своите навивачи. По водството на Гоналонс во 17 минута, елиминацијата ја доживеаа во 90 минута со израмнувачкиот погодок на Дембеле.
За одбележување на вечерта е и елиминацијата на бранителот на титулата на ова натпреварува, тимот на Атлетико Мадрид, кој и покрај победата на гости против Рубин Казан со вкупен резултат од 2:1 се простува од Европа.
Од дополнителни продолженија во последен момент се спаси актуелниот европски првак Челси, кој по негативата пред своја публика уште од 17 минута, израмнувачкиот погодок го постигнаа преку Хазард во последните моменти од мечот.
Од италијанските претставници за разлика од елиминацијата на Наполи, другите две екипи Лацио и Интер ги продолжуваат настапите на меѓународната сцена. По драматичните 3:3 во Германија, Лацио со головите на Кандрева и Гонзалес го елиминираа тимот на Борусија Менхенгладбах. Уште полесно помина составот на Страмачони кој по предноста од 2:0 на првиот меч против Клуж, со триумф го одбележа и реваншот и тоа со 3:0. Стрелци на головите беа на два пати Гварин и еднаш Бенаси.
ЛИГА ЕВРОПА - 1/16 ФИНАЛЕ:
Хановер - Анжи Махачкала 1:1 (2:4)
Ливерпул – Зенит 3:1 (3:3)
Стеауа - Ајакс 2:0
Фенербахче - БАТЕ Борисов 1:0 (1:0)
Бордо - Динамо Киев 1:0 (2:1)
Олимпијакос – Леванте 0:1 (0:4)
Бенфика - Баер Леверкузен 2:1 (3:1)
Викторија Плзен – Наполи 2:0 (5:0)
Челси - Спарта Прага 1:1 (2:1)
Рубин Казан - Атлетико Мадрид 0:1 (2:1)
Днипро – Базел1:1 (1:3)
Клуж – Интер 0:3 (0:5)
Лацио - Борусија Менхенгладбах 2:0 (5:3)
Металист Харков - Њукасл 0:1 (0:1)
Генк – Штутгарт 0:2 (1:3)
Олимпик Лион - Тотенхем 1:1 (2:3)
Осминафинални двојки 7 март (први мечеви):
Викторија Плзен – Фенербахче
Бенфика – Бордо
Анжи – Њукасл
Штутгарт – Лацио
Тотенхем – Интер
Олимпијакос – Рубин Казан
Базел – Зенит
Стеауа Букурешт – Челси