Манчестер Јунајтед е најмалку посакуван гостин

Играњето на гостински терен е тешка задача за секој клуб во Премиер лигата. Во 21-годишната историја на лигата, само Манчестер Јунајтед има победено на повеќе од половината гостински натпревари.

Оваа сезона во Премиер лигата се одиграни 261 натпревар. Домаќините триумфирале на 43,3% од овие натпревари, 30,6% завршиле нерешено, а на 26,1% од дуелите оваа сезона победиле гостите.

Слична е и вкупната статистика на Премиер лигата од нејзиното формирање во 1992-та година, односно на 26,7% од сите одиграни натпревари триумфирале гостинските екипи.

Една екипа отскокнува од овие статистики. Манчестер Јунајтед за 21 година има одиграно 399 натпревари на гостински терен и има победено на 55,1% од нив. Тоа е единствениот тим во Премиер лигата кој има победено на повеќе од пола гостински натпревари.

Најблиску до нив се Арсенал со 43,5% и Челси со 42,6% гостински победи, а од тимовите кои се присутни во Премиер лигата најслаба статистика има Фулам со само 14,5%.

Од екипите кои во минатото настапувале во англиската елита, најдобра статистика има Лидс со победени 30,3% од гостинските натпревари, а Свиндон и Барнли во единствените сезони кога настапувале во Премиер лигата имаат победено само по еднаш.

21 февруари 2013 - 15:35