Како што е веќе познато италијанската компанија „Пирели" која оваа сезона ќе биде единствениот снабдувач на сите тимови, тврди дека со новите агресивни гуми гледачите и навивачите ќе гледаат поголема неизвеснот на трките.
Тимовите се судрија со брзата деградација на новите мешавини уште во првиот ден од вторите предсезонски тестови на патеката „Каталуна" во Барселона каде возачот на Мерцедес, Нико Розберг беше најбрз.
"Гумите се трошат многу брзо. Не знам дали тоа се должеше на температурата, затоа што беше студено, во спротивно не очекуваат многу прекини во боксот и во Мелбурн“, изјави Розберг.
Неговото мислење го дели и сонародник Себастијан Фетел кој исто така го потенцираше студеното време. Светскиот шампиот додаде дека сака да дознае повеќе за презентацијата на гумите и рече дека проблемот е ист за сите возачи.
Неговиот главен конкурент минатата сезона, Фернандо Алонсо се пожали дека брзото трошење на гумите ги попречува тест програмите на тимовите.
"Моќеби не е најпаметно новите гуми да ги тестираме во зима затоа ќе издржат само една трка. Оваа сезона имаме многу работи кои треба да ги тестираме, но потребни ни се повеќе информации", рече Шпанецот.
И покрај непријатностите кои ги создаваат новите гуми, Розберг сепак ја пофали стратегијата на компанијата која сезонава нуди големо тркачко шоу, а тоа е главен приоритет за фановите.
Инаку гумите кои ќе се користат оваа година ќе бидат помеки со новите "хард" соединенија и се приближно еднакви на оние кои беа „медиум" минатата сезона.
Тестирањето во Барселона на Каталуња ќе продолжи во четврток, а последниот тест ќе биде следната недела. Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе започне на 17-ти март и ќе стартува со трка во Австралија.