По вчерашното апсење на Словенецот Адмир Суљиќ во Италија, полицијата од Сингапур објави дека разговара со Дан Тан Сет Енг. Човекот познат како Дан Тан се смета дека е главен организарот на фудбалските местачи кои заработиле милиони со кладење на овие натпревари.
Според сингапурската полиција, Дан Тан во моментов е испрашуван и со неговите информации тој ќе им помогне на властите во истрагата, а подоцна овие информации ќе им бидат проследени и на заинтересираните земји.
Голем дел од наместените натпревари во кои учествувал Дан Тан се одиграни во Италија, па властите од оваа земја вече одамна имаат издадено налог за негово апсење, но се уште не е познато дали Сингапур ќе го предаде.