Во декември минатата година навивачите на Фенербахче фрлаа пиротехника на теренот за време на натпреварот против Борусија Менхенгладбах и УЕФА забрани присуство на нивните навивачи за време на синоќешниот дуел со БАТЕ Борисов.
Но тоа не беше пречка за навивачите на Фенербахче да им дадат поддршка на своите фудбалери. Тие најпрвин пред стадионот поставија огромен видео бим каде натпреварот го проследија преку 10.000 навивачи, а нивното гласно навивање се слушало и на теренот.
На трибините биле поставењи знамиња и транспарент со пораката „Исто како да сме тука". А за да направат атмосферата да биде исто како тие да се таму, недостигале само уште пиротехнички средства.
Но тие и за тоа нашле начин. Иновативните навивачи уфрлиле десетици бакљи на теренот со помош на падобрани!