Британската кладилница Coral пред почетокот на нокаут фазата од Лигата на шампиони понуди неодолива опција за кладење во која со влог од 1 пени, за погодени точни резултатит на сите натпревари се добиваат 1.000.000 фунти.
Вкупно 72.000 луѓе ги уплатиле нивните прогнози, а пред одигрувањето на последните натпревари синоќа, во игра останал само еден.
Сајмон Торес Пике ги погодил точните резултати на сите претходни натпревари и синоќа го чекаше ремито 1:1 помеѓу Галатасарај - Шалке, но и победа на Барселона од 0:2 на гостувањето кај Милан.
Галатасарај и Шалке одиграа 1:1, но за негова жал, Милан ја победи Барселона со 2:0.
Како утешна награда, кладилницата Coral објави дека ќе му плати патување во Барселона за да го проследи реванш натпреварот.