Невозможнa мисиjа за Наполи

Единствените двајца македонски претставници во второто по ранг клупско европско натпреварување, вечерва се пред тежок испит. Горан Пандев ќе ја брка предноста на Викторија Плзен од 3:0, а тимот на Даниел Георгиевски со негатива од 2 гола го пречекува Ајакс.

Осминафиналната фаза во Лигата на Европа по се изгледа дека ќе стартува без ниту еден македонски претставник. Ако во групната фаза имавме 8 играчи кои водеа битки на терените ширум Европа, сега останаа само двајца кои имаат само теоретски шанси а понатамошен пласман.

Амбициозниот Наполи кој се наоѓа на втората позиција во Серија А на само 4 бода зад актуелниот шампион Јувентус, на европската сцена тешко дека ќе опстои и оваа сезона. На гостински терен ќе го брка дебаклот кој го доживеа од чешкиот претставник Викторија Плзен од 3:0 пред своја публика.

Валтер Мацари повторно во нападот го најави Горан Пандев, но овој пат во друштво со младиот Инсиње. Овие двајца играчи сезонава заедно имаат постигнато само 7 гола, а вечерва ќе имаа задача без најдобриот поединец во тимот Единсон Кавани да го поправат впечатокот од нивната лоша сезона.

Доколку постигнат погодок, италијанскиот стратег најави дека ќе го внесе и најдобриот стрелец во Серија А и ќе се обиде да ја стигне големата предност на Чесите кои ја обезбедија на „Сан Паоло" во Неапол. Словакот Хамшик поради грип не е во комбинација за вечерашниот меч.

На вториот дуел помеѓу Стеатуа и Ајакс, Даниел Георгиевски се уште не може да му помогне на својот тим поради скршеницата на ногата која ја заработи во ноември минатата година. Романците имаат тешка задача да ги елиминираат оние 2:0 од Амстердам против поквалитетнот Ајакс кој е фаворит за осминафиналето.

На останатите дуели најголемо внимание предизвикува дуелот помеѓу Лион и Тотенхем кој во Англија заврши 2:1 со голот на Бејл во последната минута. Ливерпул ќе се обиде да ја елиминира предноста на Зенит од 2:0, исто како и Атлетико Мадрид во дуелот со Рубин Казан.

Лацио има отворен пат кон осминафиналето по трите гола на гости против Менхенгладбах и со нерешен резултат помал од 3:3 може да обезбеди пласман во осминафиналето.

ЛИГА ЕВРОПА - 1/16 ФИНАЛЕ (резултати од првите натпревари):

Анжи Махачкала – Хановер 3:1
Зенит – Ливерпул 2:0
Ајакс – Стеауа 2:0
БАТЕ Борисов – Фенербахче 0:0
Динамо Киев – Бордо 1:1
Леванте – Олимпијакос 3:0
Баер Леверкузен – Бенфика 0:1
Наполи – Викторија Плзен 0:3
Спарта Прага – Челси 0:1
Атлетико Мадрид – Рубин Казан 0:2
Базел – Дњипро 2:0
Интер – Клуж 2:0
Борусија Менхенгладбах – Лацио 3:3
Њукасл – Металист Харков 0:0
Штутгарт – Генк 1:1
Тотенхем – Олимпик Лион 2:1

21 февруари 2013 - 12:11