Кошаркарите на Фенербахче имаа лош старт на натпреварот. Во првото полувреме Барселона доминираше под кошевита, а реализацијата на Фенербахче за 2 поени изнесуваше само 22%, па гостите на полувремето имаа огромна предност од 19:50.
Во второто полувреме Барселона си продолжи со лесниот тренинг и константно го зголемуваше водството за на крајот да слави победа од 60:99.
Нашиот репрезентативец и Богдановиќ беа единствени светли точки во тимот на Фенербахче. Лестер Бо Мекејлеб имаше учинок од 17 поени, 3 скокови, 3 украдени топки и 4 асистенции.
Вториот македонски претставник, Перо Антиќ во петок со Олимпијакос ја пречекуваат екипата на Каха Лаборал.