Како што може да се забележи со идејата на новото лого многу повеќе се потенцира градот од каде што потекнува клубот, отколку целиот назив на фудбалскиот тим Парис Сент Жермен. Целта на новите сопственици е повеќе да се истакне градот и да се привлече уште поголема маса.
На грбот и понатаму како заштитен знак останува ајфеловата кула, но во промените ја нема лулката која го симболизира раѓањето на франскуот крал Луј 14 во Сент Жермен. Останува само кринот кој е одбележје на кралската власт во Франција.
Новото лого на ПСЖ ќе биде вкупно седмо во 43 годишната историја, а според најавите ќе се користи по завршувањето на оваа сезона.