Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Колку се големи НБА ѕвездите

Кога гледаме натпревар на ТВ, кошаркарите еден покрај друг не ни изгледаат многу високи, но кога ќе ги видиме покрај нормални луѓе, тогаш тие се стварно големи.

Манчестер Сити е тимот со најголем буџет во светот

Според истражувањето објавено во магазинот „Money Issue" на ESPN, газдите на Сити издвојуваат просечна плата од 5,2 милиони фунти годишно или 100.764 неделно и со тоа тие се најплатен спортски клуб на планетата во конкуренција на 278 екипи од 14 лиги.

Гаф на италијанската ТВ Раи

Селекцијата на Хаити на пријателскиот дуел против Италија постигна 2 гола во последните минути од мечот и го изненади италијанскиот состав кој мислеше дека веќе ја има победата во раце. 

Македонија треба да учи од Норвешка

Македонија загуби, но не од првиот тим на Норвешка затоа што нивните главни ѕвезди се на Европското првенство за играчи до 21 година. Норвешкиот фудбал почна да „цвета" откако наместо потпросечни странци, тие во лигата им дадоа шанса на своите голобради момчиња.

Бизарно исклучување на Маскерано

Аргентина пропушти да го обезбеди пласманот на СП 2014, одигрувајќи 1:1 на гостувањето кај Еквадор, а „ѕвезда" на вечерта беше Хавиер Маскерано кој заработи идиотски црвен картон за клоцање на возачот на медицинската количка.

Спарси со тројки го разбија Мајами

Сан Антонио Спарс поведоа со 2:1 во финалната серија во НБА лигата откако го победија Мајами со 36 разлика (113:77) благодарение на рекордните 16 тројки.

Уште еден неуспешен тест за фудбалерите

По поразот од Шведска, со неубедлива и безидејна игра, комбинираниот состав на фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Норвешка.

Пироманот ќе биде продавач во Баерн Минхен

Талентираниот Бразилец Брено кој од Сао Паоло пред 5 години направи трансфер во Баерн Минхен, наместо да напредува во кариерата тој полуде, си ја запали куќата и заврши во затвор. Сега неговата идна работа постои можност да биде во фан шопот на европскиот шампион.

Новата тактика на Дел Боске

Го освоија европското (2008), па светското (2010) и потоа пак европското првенство (2012). Го имаат скоро цел тим на Барса и доминираат со слична „тика-така“ игра и сега малку им е тоа, па почнаа да играат со уште позгустен среден ред повеќе од дозволеното и тоа на пријателски меч против Ирска. Не знаеме кој е вишок во тимот, но најверојатно грешката е во весникот.

Клади се на „Специјалниот“

„Специјалниот" се врати во Лондон по пауза од шест години, по што кладилниците веднаш ја збогатија својата понуда со специјални опклади, а веќе постоечките коефициенти за титулите на Челси почнаа да паѓаат.

Темната страна на Формула 1

И покрај зголемените мерки за безбедност, во новиот милениум овој спорт однесе три жртви од кои ниту еден не е возач. Трката во Монтреал пред два дена како и оние во Монца (2000) и Мелбурн (2001) повеќе ќе останат запаметени по жртвите отколку по победниците.

Вакви ќе има вечер?

Вечерва фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар во Норвешка, па освен на теренот, нашето внимание ќе биде насочено и кон трибините.

Надал “го умре“ Нелсон Мандела

Најуспешниот тенисер во историјата на Роланд Гарос предвреме му посака да почива во мир на поранешниот претседател на Јужна Африка.

Заминете во Сочи за “само“ 16 000 евра

Најскапите Олимписки игри во историјата кои ќе чинат околу 50 милијарди евра, преку туристичка агенција постои можност да ги посетите за 16.000 евра.

Македонските финти не функционираат во Лидс

И додека во нашите клубови не играат талентираните, туку децата на оние кои имаат врски, обидот на еден од сопствениците на Лидс да „пикне" син на пријател во младинската академија предизвика сериозен скандал помеѓу членовите на управниот одбор на клубот.

Офсајд лик на неделата: Чак Џонсон

НФЛ играчот Чад Џонсон доби казна затвор во траење од 30 дена затоа што во судница го плесна својот адвокат по газ, а со тоа си го заработи и нашето признание за офсајд лик на неделата.

Новиот непријател на Анима Мунди

Аргентински фудбалер од нисколигашот Бела Виста кој се обиде да отстрани куче од теренот на гостувањето кај Сан Хуан, стана новиот најомразен лик на здруженијата за заштита на животни.

Прекинат меч во Аргентина заради убиен навивач

Втор прекинат натпревар во Аргентина за само три дена. Дуелот помеѓу Естудијантес и Ланус траеше само едно полувреме откако во нередите помеѓу навивачите и полицијата, загина еден гостински навивач, а друг бил сериозно повреден.

Влажна прослава

Фудбалерите на еден полски нисколигаш го искористија поплавениот терен за оригинална прослава на нивниот гол со „бомба“ и „ласта“ во трева.

Момче во количка повторно на бејзбол терените

Спортот ги обединува луѓето, тоа е веќе докажано. Ги носи на врвот победниците, но ги разочарува губитниците. Често пати носи и ризици со кои се носат самите спортисти, но знае и да ги исполни соништата на оние кои во некој миг од животот предвреме и кажале збогум на кариерата.

Барселона најлесно качува цена

Операцијата купи евтино, продај скапо не е лесен, но е многу важен сегмент во политиката на клубовите кои многу често знаат да ќарат милиони од младите талентирани фудбалери кои ги купуваат за малку пари. Каталонците направија вистинско богатство од своите деца кои не мрдаат од „Камп Ноу".

Асистенцијата на Роналдињо

Со двата гола на Роналдињо, Атлетико Минеиро го совлада Гремио, но наместо головите решивме да ја издвоиме оваа негова асистенција која штета што неговиот соиграч не ја претвори во гол.

Како изгледа просечен европски фудбалер

Најпознатиот фудбалски магазин FourFourTwo со помош на бројките од Opta Sports, направија споредба на статистиките за неколку карактеристични категории за фудбалери од петте најдобри лиги во Европа.

Надал блесна во Париз но падна на АТП листата

И покрај историската осма Грен слем титула на Роланд Гарос, Рафаел Надал наместо да се искачи, падна на најновата ранг листа и се наоѓа пред неговиот сонародник Давид Ферер.