Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Бразил ја фати клетвата од Купот на конфедерациите

Репрезентацијата на Бразил ја надигра Шпанија и стана прв фаворит за освојување на Светското првенство следната година, но ако и веруваме на историјата, џабе ќе им биде тоа што се најдобри и што се домаќини затоа што победникот на Купот на конфедерациите никогаш не го освојува Мундијалот.

Немаат базен, а сакаат Летна Олимпијада

Додека Русите се подготвуваат за најскапите Олимписки игри до сега кои ќе чинат околу 50 милијарди евра во градот Сочи, за нас не баш познатото градче Тулса од Оклахома се нуди да ги организира Летните Олимписки игри во 2024 година.

Дел Потро издржа јуначки

Аргентинскиот тенисер можеше многу лесно да заработи тешка повреда на денешното четвртфинале на Вимблдон и да се збогува од турнирот откако се изнализга на тревната подлога, но и покрај оваа несреќа тој успеа да се спаси.

Полуфиналистката Лисицки е алергична на тревата на Вимблдон

Убавицата Сабине Лисицки која стана сензација на Вимблдон, до пред некое време губела на натпреварите кои се играат на тревнати подлоги затоа што е алергична на трева. Енергичната Германка има проблем и со својот темперамент и менува тренери како чорапи.

Рајски фудбалски натпревар

Клипови со секакви форми на спорт поминаа на нашиот сајт, па нема зошто да го прескокнеме и ова кое ни доаѓа од Бразил. Сепак е лето.

„Нејмароманијата“ се шири насекаде

Додека Лионел Меси и Кристијано Роналдо се натпреваруваат кој е подобар и попопуларен, бразилската сензација сe стекнува со мега популарност.

Офсајд лик на неделата: Емануел Адебајор

Признанието за офсајд лик на неделата му го доделуваме на фудбалерот на Тотенхем, Емануел Адебајор за неговиот погрешен начин на донирање пари за сирачиња во Того.

Премиерлигашите во обиколка на светот од 320 илјади километри

Долгото лето за фудбалските ѕвезди од островот е одлична можност за пат околу светот и одржување на турнеја во далечните дестинации како Хонг Конг, Бангкок, Куала Лумпур и уште ред други места претежно во азиските земји. Целта е да ја одржуваат формата и истовремено да го шират својот бренд.

Не твитај против Касиљас и Шпанија

Бразилец од младинскиот погон на Реал Мадрид на својот Твитер профил го исмевал Касиљас и шпанската репрезентација, па неговиот клуб реши да не му го продолжи договорот.

Реал Мадрид е најомразен, Барса најомилена во Шпанија

Според истражувањето на шпанскиот весник AS, најантипатичен тим за Шпанците и натаму е Реал Мадрид, а нивниот ривал Барселона води според популарноста.

Меси го победи Нејмар

Новите соиграчи Лионел Меси и Нејмар одиграа еден против друг на пријателски натпревар во главниот град на Перу. Меси и пријателите го победија тимот на светот, но шоуто го украде Нејмар.

Шпанските клубови се дават во долгови

Од година во година според пресметките направени за 12 сезони, клубовите во една од најквалитетните лиги во светот се повеќе се задолжуваат. Најзагрижувачки е растот на долговите во последните 3 сезони во шпанското првенство кои драстично пораснале и изнесуваат 3,5 милијарди евра.

Навивачка средба за ќотек

Група навивачи од Данска и Шведска изгледа немаат попаметна работа па си закажаа ферка на сред улица. Во темни маици од едната страна нападнаа фанови на второлигашки клуб од Гетеборг, а во црвена боја групата е измешана со навивачи на Конепхаген и Хелсинборг. 

Миколи набркан од Сицилија

Напаѓачот на Палермо, Фабрицио Миколи кој пред неколку дена се извинуваше јавно и тврдеше дека не е поврзан со никаква мафија остана без својот клуб.

На кого најмногу му треба допинг?

Барем три од последните девет освојувачи на Тур де Франс користеле недозволени средства, а допинг на големо се користи и во сите други можни спортови, но прашањето е кој најмногу го користи.

Не ја вреѓај Мелита

И во Малта има луди и опасни ултраси кои лесно се разбеснуваат ако зборувате лошо против Мелита, последнопласираниот клуб во лигата.

Мора да е печатна грешка

Бразилците ја растурија Шпанија и ја прекинаа нивната доминација, тука нема дилема. Но еден бразилски весник веројатно завршил на уредување кај навивачите.

Блатер ќе ги смирува протестите во Бразил со евтини билети

Додека Бразилците беснеат по улиците, првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер прави сублимат од двонеделниот фудбалски турнир, а истовремено се обидува да ги привлече повеќе да мислат на фудбалот нудејќи им најевтини влезници за Мундијалот.

Го издрибла, па му фати сеир

Фудбалерот на Сан Хозе, Марвин Чавез на натпреварот против ЛА Галакси во американската МЛС лига, не само што го седна на земја противничкиот фудбалер Де Ла Гарза, туку и подзастана за да му се изнасмее.

Македонските клубови во лов на европските милиони

Започнува европската одисеја на македонските фудбалски клубови, односно натпреварувањата од каде што тие можат да извадат цели буџети, но најчесто завршуваат со минималната сумa од солидарниот фонд на УЕФА.

НБА натрапници

Кошаркарите од НБА лигата освен што добро играат баскет, знаат и да се забавуваат. Една од нивните практики е влетување во кадар, а тоа најдобро го прават кошаркарите на Мајами, посебно Крис Бош.

Вимблдон стана Вимблгедон

Што ли се случува со овогодинешното издание на Гренд слем турнирот во Вимблдон? По Федерер, Надал, Азаренка, Шарапова... турнирот го напушти и шампионката Серена Вилијамс.

Најлошото од нападот на „Олд Трафорд“

Стариот лисец Фергусон ретко грешеше во проценките со талентите кои ги носеше во својот тим, но понекогаш и најдобрите знаат да погрешат. Тие што впрочем беа и најголеми промашувања во нападот на „Црвените Ѓаволи" веднаш си го загубија статусот во тимот.

Јужна Африка се врати во игра за мундијалот

Домаќинот на Светското фудбалско првенство во 2010 година неочекувано се врати во живот и има уште шанса за пласман на Мундијалот во Бразил благодарение на глупата грешка на Етиопија.