Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

12 жртви на фудбалски меч во Ирак

Најновите напади во Ирак однесоа жртви и во спортот каде за време на фудбалски натпревар загинале 12 луѓе.

Демонстрантите се инфилтрираа и на Мараканa

Додека во околината на Маракана се одржуваа големи протести, а на теренот се подготвуваа за финалето на Купот на конфедерациите, двајца демонстранти успеаа да се провлечат на теренот како дел од кореографијата со транспарент „Итно откажување на приватизацијата на Маракана".

Уште еден стиплчес малер

Трката на 3000 метри стиплчес важи за една од потешките, но за сеирџии како нас, тоа е една од поинтересните атлетски дисциплини.

И роботи заиграа фудбал

Луѓето неодамна смислија нов начин како да одиграат една партија фудбал, но сега тоа задоволство им го пропуштија и на роботите кои одржаа Светско првенство во Ајндховен.

Како Роман Абрамович го промени фудбалот

На 1 јули во 2003-та година од никаде се појави еден тивок Русин со желба да купи фудбалски клуб. Десет години подоцна, не само што тој стана еден од најуспешните газди, Роман Абрамович го смени фудбалот во Англија и Европа.

„Окото соколово“ му помогна на Астори

Дефанзивецот на Каљари, Давиде Астори кој само ја допре топката на гол линијата за водство на Италија против Уругвај се радуваше како мало дете за својот деби репрезентативен гол, а за тоа е заслужна и новата видео технологија. 

Куп на слободните удари

Најдобрата репрезентација во историјата го победи моментално најдобриот национален тим (според ФИФА листата) во финалето на Купот на конфедерациите, натпреварување кое ќе остане запаметено по убавиот фудбал и прекрасните голови постигнати од слободни удари.

Ножички од лежечка позиција

Французинот Хасун Камара од екипата на Монтреал на натпревар од МЛС лигата против Колорадо ја искористи грешката на голманот, си ја намести топката со жонглирање и постигна гол со ножички и тоа додека беше на земја.

Нејмар ја доби златната топка

Бразил испиша историја триумфирајќи по четврти пат на Купот на конфедерациите и воопшто не е изненадување фактот што членовите на оваа репрезентација котираат високо на листите на фудбалери кои ги добија признанијата од овој турнир.

Светскиот шампион на колена пред домаќините

По освојувањето на двете европски првенства и Мундијалот, Бразил со голем триумф од 3:0 во финалето од Купот на Конфедерации ја прекина доминацијата на „Црвената Фурија“. Фред со два и Нејмар со еден гол беа творци на успехот кои ја “запалија“ Маракана.

Розберг триумфираше на хаотичната трка во Британија

Германецот Нико Розберг од Мерцедес го оствари вториот триумф на осмата трка во Формула 1 шампионатот оваа сезона откако најдобро ги искористи проблемите на Хамилтон и Фетел.

Автобус го заглави финишот на Тур де Франс

Заглавен автобус на финишот од првата етапа го украде шоуто на отворањето од јубилејното 100-то издание на велосипедската трка Тур де Франс.

Фудбалерите ќе спречуваат местенки

Во борбата со наместени натпревари, зло кое го уништува фудбалот од сега ќе можат да учествуваат и самите актери на теренот. Здружението на професионални фудбалери ФИФПро ќе понуди апликација за мобилни телефони каде со еден клик играчите ќе може да алармираат доколку забалежале нешто сомнително.

Игуаин тргна полека накај Лондон

Деновиве се хит монтажите со познати спортисти. Де Брито ја совлада Марија Шарапова, но за да ја надмине и во стенкање мораа да го сторат ова, додека на Давид Луиз му направија уште поприродна фризура.

И УЕФА сака зимско Светско првенство

Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино ја даде својата поддршка за плановите за поместување на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар во 2022-та година и одигрување на истото во текот на зимскиот период од годината.

Барса и ПСЖ на мегдан против Вардар

Македонскиот шампион немаше многу среќа. РК Вардар Про на извелкувањето за ракометната Лига на шампиони за противници во групата ги доби екипите на Барселона и Пари Сен Жермен, а можеби ќе се сретне и со Металург.

Најголемите промашувања во историјата на НБА драфтот

Прерано е да судиме каков ќе биде првиот Канаѓанец кој е избран за прв пик на драфтот во НБА лигата од оваа земја. Спортската јавност е изненадена од изборот, но ние ќе му посакаме среќа во друштво со најдобрите и се надеваме дека нема да се најде во иднина во некој ваков текст.

Без дрога нема победа

Ленс Армстронг цврсто стои зад своите ставови. Откако ја отвори душата во шоуто на Опра Винфри и рече дека секој негов триумф е незаслужен повторно ја шокираше јавноста со нова изјава.

Миротворецот кој седна на „Кралската“ клупа

Искусен, трофеен и многу сталожен стратег кој повеќе мисли на тактиката отколку на медиумите. Флорентино Перез се реши за име со богата играчка и тренерка кариера, кој со смирен пристап ќе го контролира егото на ѕвездите на Реал и ќе се обиде да ја донесе "десетката" во Лигата на шампионите.

Фудбалски моменти

Ричард Свабрик е авторот на ова генијално дело со наслов „Фудбалски моменти, анимација на фантазиста". Фантазиста (или фантазер, што би рекол Панчев) е симбол за креативност, имагинација и иновативност, а честа да бидат дел од оваа анимација ја имаат Кројф, Ибрахимовиќ, Ван Бастен, Гаскоњ, Игита, Пеле, Марадона, Зидан и Баџо.

Пензионерите играат во Италија и Англија

Италијанската Серија А и англиската Премиер лига се најстари лиги според просечната возраст на фудбалерите со по околу 27 години. Македонската прва лига е малку над просекот со возраст од 25,2 години.

Сега која стенка повеќе?

Португалката Де Брито непријатно ја изненади Марија Шарапова и ја елиминираше на Вимблдон. Но тие водеа уште една “војна“ на теренот, која може повеќе да ги оглуви гледачите. По ова видео ќе заклучите дека Шарапова не е повеќе „кралица на стенкањето".

Еве кој е првиот пик на драфтот

Јавноста и медиумите беа шокирани со изборот на Ентони Бенет за прв пик на НБА драфтот од страна на Кливленд Кавалирс, па нефаворизираното крило следната сезона ќе треба да ги демантира или потврди мислењата на критичарите. Ова се неговите силни и слаби страни.