Засилениот ракометен шампион на Македонија со големи амбиции ќе ја започне новата сезона во ЕХФ Лигата на шампиони, а се надеваме и дека ќе го подобри минатогодишниот успех на Металург.
Но за тоа ќе треба навистина да се намачи. Ждрепката сакаше Вардар за противник во групата Ц да ги добие екипите на Барселона, ПСЖ, Вакер Тун, квалификант од групата 2 и победник од турнирот со вајлд карта.
Тоа значи дека во Скопје ќе гостува Кире Лазаров со својот нов клуб Барселона, како и богатиот француски проект ПСЖ предводен од Микел Хансен.
Но оваа жрдребка значи дека Вардар има шанси во групата да се падне и со Металург доколу минатогодишниот шампион успее да ја помине групата на екипи кои се борат со валјд карта.
Група А: Веспрем, Загреб, Санкт Петербург, Рајн Некар, Целје; Квалификант 3
Група Б: Кил, Кјелце, Атлетико Мадрид, Колдинг, Данкерк; Квалификант 4
Група Ц: Барселона, ПСЖ, Вардар Про, Тун, Квалификант 2, Квалификант вајлд-карта
Група Д: Алборг, Горење, Фленсбург, Ла Риоха, Квалификант 1, Хамбург/Фуксе Берлин