Игуаин тргна полека накај Лондон

Деновиве се хит монтажите со познати спортисти. Де Брито ја совлада Марија Шарапова, но за да ја надмине и во стенкање мораа да го сторат ова, додека на Давид Луиз му направија уште поприродна фризура.

На ред дојде и напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин за кој постојано се пишува дека ќе им се придружи на Топџиите, но никако да стави потпис. Најпрвин се поврзуваше со транфер во Јувентус, но откако „Старата Дама“ го донесе Тевез, се поизвесно е дека аргентинскиот напаѓач ќе заврши на Емирати.

Но целата операција се одвива многу споро, а се појави информација дека „Кралевите“ ги нудат Игуаин, Коентрао и плус пари за Герет Бејл, па потоа следеше изјавата на неговиот менаџер.

„Не можам да негирам дека Гонзало Игуаин е блиску до Арсенал. Мислам дека е сега уште поблиску“, изјави агентот на Аргентинецот.

Колку е тој навистина блиску до трансфер во Лондон не знаеме се додека не се појави официјално известување, но тој лека полека се движи натаму.

 

29 јуни 2013 - 19:42