Бразилската сензација и новиот член на Барселона, Нејмар ја доби наградата за најдобар фудбалер на Купот на конфедерациите. Тој постигна гол на секој од натпреварите во групната фаза, имаша важна улога во полуфиналната победа над Уругвај и уште еднаш се запиша во листата на стрелци во финалето против Шпанија.
Зад него на листата на најдобри фудбалери на турнирот останаа Андрес Иниеста од Шпанија и Паулињо од Бразил.
Фернандо Торес и Фред постигнаа по 5 погодоци и имаа по 1 асистенција, но Шпанецот одигра помалку минути па ја доби наградата за најдобар стрелец. На третото место е Нејмар со 4 гола.
Најдобар голман на турнирот е Бразилецот Жулио Цезар кој прими само 4 гола, а наградата за фер плеј и припадна на репрезентацијата на Шпанија.