На четвoрица возачи им пукна гумата, а Фетел прв пат оваа сезона мораше да се откаже заради проблеми со болидот на лудата трка во Силверстоун.
Луис Хамилтон имаше шанса да ја израдува домашната публика и тргна од пол позицијата, но не успеа во својата намера откако му пукна левата гума.
Освен на Хамилтон, задните леви гуми им пукнаа и на Маса, Верње и Перез, а болидот на Себастијан Фетел кој долго беше во водство, откажа во 41-от круг.
Сето тоа го искористи Нико Розберг кој успеа да триумфира со време 1:32:59.456, а зад него завршија Марк Вебер и Фернандо Алонсо.
Херојот на домаќините, Луис Хамилтон и покрај дупнатата гума на крајот стигна до четвртата позиција.
ГН на Британија:
1. Нико Розберг - Мерцедес 1:32:59.456
2. Марк Вебер - Ред Бул + 0.765
3. Фернандо Алонсо - Ферари + 7.124
4. Луис Хамилтон - Мерцедес + 7.756
5. Кими Раиконен - Лотус + 11.257
6. Фелипе Маса - Ферари + 14.573
Генерален пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 132
2. Фернандо Алонсо 111
3. Кими Раиконен 100
4. Луис Хамилтон 87
5. Марк Вебер 87
6. Нико Розберг 82
Генерален пласман на конструктори:
1. Ред Бул 219
2. Мерцедес 169
3. Ферари 168
4. Лотус 126
5. Форс Индија 59
6. Мекларен 37