Фудбалерите на кои им понудиле да учествуваат во наместен натпревар или доколку мислат дека настапиле на нерегуларен меч, на своите телефони ќе можат да го притиснат таканареченото „копче за паника" и на тој начин ќе можат да помогнат во борбата против оваа редовна појава во спортот.
„Ова ќе биде достапно за сите фудбалери преку ФИФПро. Играчите ќе треба само да ја инсталираат апликацијата на нивните телефони, а потоа ќе добијат шифра и со едно притискање на црвеното копче ќе остават порака за потоа тој меч да биде предмет на истрага. Сето тоа ќе можат да го прават анонимно", изјави Хари Сувасалми, член во Министерството за спорт во Финска.
Пристап до ваквиот систем ќе може да имаат сите играчи почнувајќи од новата сезона, а тоа ќе важи и за случаите додека гледаат фудбал на ТВ, а истовремено сметаат дека имало одредена нерегуларност на теренот.
Сувасалми смета дека статистиките на Интерпол за наместените натпревари не се точни, туку се работи за бројка која е 4 или 5 пати поголема. Во последните 5 години се работело за околу 1000 случаи или во просек по 200 до 300 местенки годишно.
Тој работи и како експерт за наместени натпревари во Европската Унија, а системот во кои ќе учествуваат и фидбалерите го претстави и во Брисел.