
Дијаманти при изведениот слободен удар од голема далечина успеа со лоб да го измами голманот Муслера, а топката која и онака ќе завршеше во гол само ја потбуцна Астори за водство од 1:0 на Италија.
На кајронот како стрелец стоеше Дијаманти, но новата видео технологија „Око соколово“ за разрешување на спорни ситуации се покажа како успешна и му го препиша голот на вистинскиот стрелец.
Оваа технологијата е само една од четирите кои ги одобри ФИФА и кои очекуваме да завршат голема работа на идното Светско првенство во Бразил.