Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Петта жртва во Бразил додека ФИФА бира шампањ

И додека луѓето во Бразил се искочени на улица и протестираат за огромните трошоци на владата за организација на Светското првенство при што досега загинаа 5 демонстранти, ФИФА воопшто не се потресе и го избра официјалниот шампањ на Мундијалот.

Монако стартува со -2 бода заради претерана прослава

Француската лига му изрече казна со одземање на 2 поени на новиот прволигаш Монако заради тоа што нивните навивачи претарале со прославата при освојувањето на втората лига.

Ентони Бенет е прв пик на НБА драфтот

Во изненадувачки старт на НБА драфтот, Ентони Бенет стана првиот Канаѓанец кој бил пик број 1, а еден од главните фаворити Нерленс Ноел не беше избран во првите 5.

„Црвената Фурија“ преку пенали до финале

По тешка и исцрпувачка битка од 120 минути без голови, големите фудбалски сили во второто полуфинале од Купот на Конфедерации патот до финалето си го решаваа со удари од белата точка. По долгото изведување пенали, Бонучи беше трагичар, а Хезус Навас го постигна голот за финале на Шпанија.

Видал ги победи сите колеги од среден ред

Порталот „goal.com" шеста година по ред го избира најдобриот фудбалер за врска во светот за изминативе 12 месеци. Во доста голема конкуренција со врвни фудбалери кои имаат задача да ја организираат играта, прв е убедливо Артуро Видал од Јувентус.

Учинокот на новиот предводник на „Кралевите“

Заменикот на Жозе Мурињо без дилеми е адекватно име за нов тренер на Реал Мадрид. Победуваше, освојуваше и се радуваше со врвни екипи, а најважниот дел од неговата биографија може да ја видите во овој приказ.

Домот на аматерскиот фудбал

Секоја недела мала армија на фудбалери аматери ги освојува полињата во лондонската област Хекни. Духовниот дом на аматерскиот фудбал има 88 фудбалски терени и таму во еден ден се одигруваат и по 100 натпревари.

Еве кој доминира во Европа

Во италијанското првенство Јувентус, Милан, Интер, Лацио, Рома, Парма и Фиорентина ги нарекуваат „Седумте сестри". Тоа сигурно повеќе важело за минатото кога биле поблиску по квалитет.

Премиер Vs. Бундеслига

Навивачите на Сити или Јунајтед ќе поминат поевтино ако се качат на авион и одат во Германија за да изгледаат натпревар на Вердер Бремен, а влезница за натпревар на Борусија Дортмунд е поевтина од на англиски третолигаш.

Шпанско италијанската класика

Од лактот на Тасоти во носот на Луис Енрике во четвртфиналето од Мундијалот во САД 1994 за кој заработи 8 меча суспензија, па се до дебаклот на Италија во финалето на минатото европско поминаа две децении. Вечерашната пресметка помеѓу големите фудбалски сили ќе биде 10-та во поновата историја.

Војна на стенкачките

Марија Шарапова важи за „кралица на стенкањето" и нејзините извици се измерени на 101 децибел, но и противничката која ја елиминираше, Мишел Лашер де Брито не е многу потивка.

Како НЕ се справува со фолиранти на теренот

Фудбалерите кои глумат повреди и лежат на теренот им одат на нерви на сите, но ова не е еден од начините за справување со нив. Оваа лекција ја научи еден фудбалер на кинескиот клуб Шангај Шенхуа.

Глумецот Нејмар

Бразилската сензација Нејмар реди импресивни настапи на Купот на конфедерациите, но од натпреварот против Уругвај ќе остане запаметен по еден нефудбалски потег.

Остана ли некој на Вимблдон?

Третиот ден на Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе остане запаметен како еден од најлудите денови во тениската историја. Дури 7 поранешни светски прворангирани тенисери и тенисерки го напуштија турнирот.

Бразил преку Уругвај во финалето

Бразилците се први финалисти на Купот на конфедерациите откако во Бело Хоризонте неубедливите домаќини со големи маки го совладаа Уругвај со 2:1 во јужноамериканското дерби.

Повлекувањето на дресот на Иско е глупав потег

Немаме намера да го троламе младото талентирано момче од Шпанија кое пред неколку дена стигна до европската титула со селекцијата до 21 година, а ниту да му оспориме неговите квалитети. Но очигледно е дека управата на Малага не се разбира во некои работи.

Арсенал го налути Виетнам

„Топџиите" како прв премиерлигашки клуб кој го посетил Виетнам направиле грешка во промотивното видео при што ги возменириле во Фудбалската федерација на оваа земја.

Што донесе богатството на Сулејман во Анжи

Клубот кој постои само две децении и за кој почна да се пишува поради Самуел Ето е дел од не баш прочуената руска република Дагестан во која владее сиромаштија и каде се пука. Рускиот милијардер се расфрла со пари во земја каде просечната месечна плата е 183 евра.

Секој меч да се игра вака

Веќе кога 20 години мака мачиме со мизерниот домашен фудбал, предлагаме натпреварите од македонската да се играат на овој начин со што ќе добиеме поатрактивно првенство и полни стадиони.

Светските првенства да имаат повеќе домаќини

Демонстрациите во Бразил се доказ дека организацијата на првенство е преголем товар за една држава, па УЕФА ја советуваше ФИФА да го следи нивниот пример со ЕУРО 2020 и да ги организира Светските првенства во повеќе земји.

Војна на шампионите

Освојувачот на НФЛ лигата, Балтимор Рејвенс преку својот Твитер профил непотребно се обиде да му фати сеир на шампионот на НБА лигата, Мајами Хит за нивната наводно слабо посетена парада.

Меси во борба против маларијата

Најдобриот фудбалер на светот иако периодов ќе мора да се соочи со судски процес поради неплаќање данок во Шпанија, сепак најде време да замине во Африка во хумана акција.

Најнадежната тенисерка стана најголем лузер

Холанѓанката Аранча Рус ја започна кариерата како што секој спортист би посакал, но поранешната јуниорска тенисерка број 1 стана најголем лузер израмнувајќи го антирекордот за најголем број на порази во серија.