Во последните неколку години само 2-3 екипи и се радуваат на шампионската титула во Серија А, а тоа важи и за поголемиот дел од националните првенства во Европа, особено во четирите најквалитетни лиги.
Во Шпанија тоа се Барселона и Реал, во Англија Јунајтед, Челси и Сити, во Германија Баерн, Борусија и Волсбург, а во Италија Јувентус, Милан и Интер. Во изминативе 5 години, само во француското првенство на титулата и се радувале 5 различни екипи: Бордо, Марсеј, Лил, Монпеље и ПСЖ.
Слична е ситуацијата и во другите првенства каде доминираат едни исти екипи. Со оглед на тоа што Монако наредната сезона на голема врата се враќа во првата лига, со Парис Сент Жермен се очекува да водат слична битка како Реал и Барса.