УЕФА објави дека Европското првенство во 2020-та година нема да биде последно кое ќе биде организирано во повеќе земји заради непредвидливата економска клима и огромните трошоци, а воедно тие ги посоветуваа своите колеги од ФИФА да размислат околу практикувањето на истиот начин на организација и на Светските првенства.
Масовните протести во Бразил за време на Купот на Конфедерациите и во пресрет на Светското првенство беше поттик за челниците на УЕФА да бидат поуверени во своите ставови дека организацијата на големо натпреварување е огромен товар за само една нација.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер неодамна изјави дека првенство организирано во повеќе држави ќе ги изгуби срцето и душата, но УЕФА возврати дека првенствата станаа луксуз кој една нација не може да си го дозволи.