Како што и се очекуваше, Скопје и нашиот најголем стадион и покрај реновирањето, немаа капацитет да се борат во големата конкуренција за домаќини на континенталниот фудбалски собир во 2020 година.
Според пишувањата на Дојче Веле, главниот град на Македонија нема да се најде меѓу домаќините за Европското во фудбал, поради нестабилната политичка ситуација, слабата финансиска моќ и сиромашната кампања.
УЕФА ја потврди кандидатурата на Македонија која со својот најголем стадион се кандидираше за домаќин на еден од натпреварите на револуционерното Европско првенство. Но колку е логично еден ваков фудбалски собир да се одржува исто време во 13 држави?
Фудбалската федерација на Македонија вчера официјално ја поднесе кандидатурата за нашиот најголем стадион кој ќе се бори да биде домаќин на некои од натпреварите на Европското првенство во 2020 година.
Денес истекува рокот за поднесување на кандидатури од страна на градовите кои сакаат да бидат домаќини на револуционерното Европско првенство во 2020. година кое ќе се одржи низ 13 градови на целиот континент.
Демонстрациите во Бразил се доказ дека организацијата на првенство е преголем товар за една држава, па УЕФА ја советуваше ФИФА да го следи нивниот пример со ЕУРО 2020 и да ги организира Светските првенства во повеќе земји.
Извршниот одбор на УЕФА ја донесе конечната одлука, Европското фудбалско првенство во 2020 година да се одржува под нови критериуми со кои повеќето земји ќе имаат можност да ги нагостат најдобрите селекции од стариот континент.