Долгогодишната идеја на Мишел Платини за мултинационално Европско фудбалско првенство беше формализирана од страна на УЕФА на почетокот од оваа година, а денес е крајниот рок за поднесување на кандидатурите.
Турската фудбалска федерација потврди дека државата има сериозни намери да се утеши со организацијата на ЕУРО 2020 по неуспехот на нивната кандидатура за Олимписките игри, а Мишел Платини во неколку наврати потенцираше дека Турција е негов избор за одигрување на полуфиналињата и финалето на ова континентално првенство.
Сите го сметаат Истанбул за огромен фаворит, па челниците на Англиската фудбалска федерација воопшто не се ни мачат да поднесат своја кандидатура за организирање на финалниот натпревар.
Кандидатурите ќе бидат потврдени на состанокот кој следната недела ќе се одржи во Дубровник, а конечниот список на 13 домаќини на ЕУРО 2020 ќе се знае следниот септември.