Арената „Филип Втори“ кандидат за ЕУРО 2020

Фудбалската федерација на Македонија вчера официјално ја поднесе кандидатурата за нашиот најголем стадион кој ќе се бори да биде домаќин на некои од натпреварите на Европското првенство во 2020 година.

Денеска е последниот рок за поднесување на апликацијата за земја домаќин до Европската куќа на фудбалот за европскиот фудбалски шампионат кој за прв во историјата ќе се игра во 13 држави. Како што ни соопшти портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски еден од кандидатите ќе биде и Македонија со нашиот најголем стадион.

„Ја поднесовме до УЕФА кандидатурата за нашата арена „Филип Втори" која во конкуренција на многу стадиони ширум Европа ќе се бори за некои од натпреварите на ЕУРО 2020. Нашиот стадион има над 30.000 седишта, а со тоа ги исполнуваме критериумите да се кандидираме за два натпревари од првата фаза", изјави за офф.нет.мк, портпаролот Андоновски.

Дел од големиот број на кандидати се Германија (Минхен), Англија (Вембли), Шкотска (Глазгов), Чешка (Прага), Србија (Белград), Унгарија (Будимпешта), Баку (Азербејџан) и Бугарија (Софија), а најголем фаворит за одигрување на полуфиналињата и финалето е Истанбул.

Конечната листа на земји кандидати УЕФА ќе ја соопшти на следниот состанок во Дубровник на 20 септември, а списокот со 13 домариќи ќе го дознаеме за една година. За финалниот меч ќе се одбере стадион со капацитет од минимум 70.000 седишта.

12 септември 2013 - 17:10