На денешната церемонија во Женева, претседателот на УЕФА, Мишел Платини не го прочита нашиот главен град помеѓу 13-те градови кои ќе бидат домаќини на револуционерното фудбалско Европско првенство.
Тврдењата на Дојче Веле се покажаа како точни дека Скопје, заедно со уште три градови нема да бидат дел од големиот фудбалски спектакл кој за прв пат ќе се игра во толкав број на земји.
Се исполнија плановите и на Германија и Англија. Честа за одигрувањето на полуфиналињата и на финалето ја доби стадионот Вембли во Лондон, а Минхен е дел од четирите градови каде ќе се игра четвртфинале и мечеви од групната фаза.
Финале и полуфинале: Англија (Лондон)
Четвртфинале и групна фаза: Азербејџан (Баку), Германија (Минхен), Русија (Санкт Петербург), Италија (Рим),
Осминафинале и групна фаза: Данска (Копенхаген), Романија (Букурешт), Холандија (Амстердам), Ирска (Даблин), Шпанија (Билбао), Унгарија (Будимешта), Белгија (Брисел), Шкотска (Глазгов).