Аспајр академијата од Катар која ќе биде важен дел од програмата на Светското првенство во 2022 година заедно со аргентинската икона ќе ги спасуваат болните луѓе во Африка кои боледуваат од опасната болест маларија.
„Знам дека моето патување во Сенегал ќе биде тешко затоа што ќе видам како луѓето страдаат од маларија, но исто така знам дека ние фудбалерите имаме моќ и можеме да спасуваме животи", изјави Меси.
Од оваа страшна болест во Африка секои 90 минути умираат по 180 деца, а тоа може да се спречи со поставување на мрежи на нивните кревети. Фудбалерот на Барселона рече дека за него оваа стратегијата на катарската академија е одлична затоа ќе спаси многу животи, а посебно деца.
За почеток ќе бидат донирани 400.000 заштитни мрежи во 10 земји во Африка, а потоа бројката на донации ќе расте и ќе се делат по милион мрежи годишно. Во хуманитарната акција ќе се делат и лекови, а присуството на Меси сигурно дека ќе ги усреќи болните деца.