Челниците на француската лига му се настрвија на повратникот во првата лига. Откако најпрвин им се заканија дека нема да ги примат во елитата, сега има изрекоа казна со одземање на поени.
Следната сезона Монако ќе ја стартува со -2 поени, а ќе одигра и натпревар без публика. Казната им е изречена заради претераната прослава на нивните навивачи кои влетаа на терен по завршувањето на натпреварот од последното коло, при што бил удрен главниот судија.
Во официјалното соопштение е наведено дека причина за казната е употреба на пиротехника, влегување на навивачите на терен и удирање на судијата од страна на навивач.
Казната за Монако е одземање на 3 поени, но на стартот ќе им бидат одземени 2, а 1 поен е условен односно ќе биде одземен во случај на нов инцидент.
Тимот предводен од Клаудио Раниери со помош на рускиот милијардер Дмитри Риболовљев само до сега вложи 120 милиони евра во нови засилувања.