Ако случајно одите во областа Хекни Маршес во близина на Олимпискиот парк во Лондон, во недела ќе видите повеќе фудбалски топки што летаат наоколу отколку топчиња во лото машина. Оваа област има најголема концентрација на фудбалски игралишта на планетата - точно 88.
Исто како што во Македонија е популарно играњето мал фудбал на игралишта и во „балони", Англичаните си оформуваат свои тимови кои ги пријавуваат во добро организираните лиги чии натпревари се одигруваат во недела, па овие аматерски натпреварувања се нарекуваат и неделни лиги.
Хакни маршес е главниот центар на овие лиги во Лондон. На 88-те игралиште во недела се одигруваат и по 100 натпревари, а тука натпревари имаат играно и познати фудбалери како на пример Дејвид Бекам, па околу терените често шетаат и скаути кои ловат таленти.
На 1.376 квадратни метри секоја недела продефилираат и над 2.000 луѓе, а освен фудбалски се играат и рагби и крикет натпревари.