Помеѓу оние кои беа елиминирани се вториот носител кај тенисерите, Роже Федерер и третата носителка кај тенисерките, Марија Шарапова, а уште 6 други големи имиња се повлекоа заради повреди. Дури 7 од имињата кои го напуштија турнирот во средата беа поранешни рекети број 1.
Викторија Азаренка се предаде без игра, Каролине Вознијацки загуби, Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ потфрлија, а Лејтон Хјуит беше надигран.
Најголеми изненадувања секако беа елиминирањата на Марија Шарапова од 20-годишната Мишел Ларшер де Брито и поразот на 7-кратниот освојувач Роже Федерер кој загуби од 116-от играч на светот, Украинецот Сергеј Страховски.
Заради повреди, мораа да се повлечат и Жо-Вилфед Цонга, Марин Чилиќ, Џон Иснер, Радек Степанек и ѕвездата од првиот ден, Стив Дарсис.
Тоа значи дека од фаворитите на трева, во игра остануваат уште Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Давид Ферер, Томаш Бердих, Хуан Мартин дел Потро и Ришар Гаске.
Кај жените дури 7 од 13 носителки го завршија својот настап по само 3 дена, па така на патот на Серена Вилијамс кон нејзината 6-та титула на Вимблдон мали проблеми може да и направат само Агнешка Радванска, Ли На, Анџелик Кербер и Петра Квитова.