Најнадежната тенисерка стана најголем лузер

Холанѓанката Аранча Рус ја започна кариерата како што секој спортист би посакал, но поранешната јуниорска тенисерка број 1 стана најголем лузер израмнувајќи го антирекордот за најголем број на порази во серија.

22-годишната Аранча Рус во 2008-та година го освои јуниорскиот турнир на Австралија Опен и се искачи на врвот на листата за јуниорски тенисерски.

Талентираната Холанѓанката бргу беше прогласена за најнадежна тенисерка елиминирајќи ја второ-рангираната Ким Клајстерс на Ролан Гарос во 2011-та година, но нејзината кариера не се развиваше во посакуваната насока.

Холандската тенисерка загуби на стартот од Вимблдон од Русинката Олга Пачукова и го израмни антирекордот со 17 порази што е најдолга серија на порази во женскиот тенис. Аранча Рус го израмни рекордот на Американктата Сенди Колинс кој загуби на 17 натпревари во серија во периодот од 1984-та до 1987-та година.

Рекордот кај мажите го држи Винс Спадеа кој загуби 21 натпревар во периодот 1999-2000 година.

Последен пат Рус победија во август 2012-та година, а црната серија ја започна со пораз од Јелена Јанковиќ.

26 јуни 2013 - 10:59