Според податоците на transfermarkt за 49 први фудбалски лиги во Европа, највозрасна е италијанската Серија А. Таму настапуваат вкупно 558 фудбалери чија просечна возраст изнесува 27,1 година. Горан Пандев е член на најстариот тим во Италија, односно просечната возраст на фудбалерите на Наполи изнесува 29,2 години.
Веднаш зад Серија А, со само 1 месец помалку е англиската Премиер лига. 534 фудбалери во Англија во просек имаат по 27 години.
Доказ дека квалитетот е во искуството е фактот што 3 од најдобрите 5 лиги во Европа се на врвот на оваа листа. Трета најстара лига е шпанската Примера со просек од 26,7 години.
Просечна возраст на еден фудбалер во Европа изнесува 24,9 години, а македонската Прва лига со просечни 25,2 години го дели 18-то место со шкотската Премиер лига.
Најстар тим во Македонија има Брегалница со 28,9 години, втор е Вардар со 27,1 а најмлад тим со просечни 23,2 години има Работнички.
Во германската Бундеслига играат фудбалери со просечна возраст од 25 години.
Најмлада е лигата на Ерменија каде просечна возраст на фудбалерите изнесува само 23 години.