Мора да е печатна грешка

Бразилците ја растурија Шпанија и ја прекинаа нивната доминација, тука нема дилема. Но еден бразилски весник веројатно завршил на уредување кај навивачите.

Младата ѕвезда Нејмар беше прогласен за најдобар фудбалер на Купот на конфедерации, а одлична партија во финалето имаше и Фред со два гола, но весникот решил да ги награди сите играчи со максимална оценка.

Меѓу нив се најде и Жо кој одигра 10 минути и Хернанес кој ги одигра последните 2 минути од финалето. Шпанците се пак буквално осакатени, а најниски оценки имаат Арбелоа и Пике. 


 

 


 

2 јули 2013 - 13:38