Светската куќа на фудбалот го одложи денот кога требаше да ги соопшти цените на влезниците за идното Светско првенство и како датум го најави 19 јули кога ќе бидат претставени досега најевтините билети на еден Мундијал.
И покрај масовните протести во десетина бразилски градови за време на одржувањето на Купот на конфедерации, Сеп Блатер се пофали и дека ова натпреварување собрало до сега рекорден број на гледачи пред малите екрани.
„Фудбалот одигра позитивен улога во Бразил и предизвика емоции. Кога ќе кажеме дека фудбалот ги спојува луѓето ги спојува на стадионите, но за жал тука ги спои и на улиците. Им го разбирам гневот на луѓето, но од друга страна фудбалот во ова време на контитентот носи емоции и надеж", изјави Блатер.
Жестоките протести во Бразил не престанаа ниту во очи на финалето кога Бразил ја декласираше Шпанија со 3:0, а револитраните луѓе се упатија и накај стадионот Марака каде се судрија до полицијата.
Првичните причини за рекордниот број на луѓе кои излегоа на улиците во Бразил беа поскапувањата во јавниот превоз како и корупцијата која владее во оваа земја, но потоа таргет стана и ФИФА која ја обвинуваа дека сака само да профитира од ваквите настани.
Демонстрантите истовремено се многу бесни затоа што земјата наместо да ги решава проблемите со сиромаштијата, образованието и другите неопходни работи, троши 12,6 милијарди долари за инфраструктура за потребите на Купот на Конфедерации и Светското првенство.