5. Дејвид Белион - 2 милиони фунти (35 меча/6 гола)
Фрацускиот напаѓач кој дојде на „Олд Трафорд" од редовите на Сандерленд тригодишната авантура во Манчестер му заврши со бледи изданија. Со оглед на шансите кои му беа дадени во однос на другите на оваа листа, треба да биде и среќен. Дополнителен проблем за него беше што во периодот додека настапуваше за тимот на Фергусон, во нападот беа Ван Нистелрој, Диего Форлан и Луис Саха. Неговиот следен транфер беше во Ница.
4. Маме Бирам Диуф – 2 милиони фунти (9 меча/1 гол)
Сенегалскиот фудбалер од редовите на норвешкиот клуб Молде кој на 20 години стана член на Манчестер беше големо изненадување во 2009 година. Диуф изјави дека ќе биде од големо значење за клубот, но тој одигра само 9 меча на кои постигна 1 гол, а потоа замина во Хановер.
3. Бебе – 7,4 милиони фунти (7 меча/2 гола)
Португалецот е уште едно слично промашување од младинците кои требаше да го засилат нападот на Манчестер Јунајтед. Но тој не му се наметна на Алекс Фергусон, а двата гола на 7 настапи од кои едниот во Лигата на шампионите може да се сметаат за успех. Во моментов настапува како позајмен играч на Рио Аве.
2. Дунч Фанчжо - 500 илјади фунти (3 меча/0 голови)
Засилувањето на Јунајтед од Кина во 2004 година може слободно да влезе во листата на еден од најлошите транфери во историјата на клубот. Фанчжо не почуствува како е да се даде гол за Манчестер, па беше пратен на позајмица во белгијската екипа Антверпен каде постигна 34 гола на 71 натпревар.
1. Манучо – 1 милион евра (3 меча/0 голови)
Напаѓачот од Ангола исто како и Кинезот само се прошета до Англија како турист. Беше веднаш пратен на позајмица во Панатинаикос па во Хул, а потоа направи транфер во Ваљадолид.