Секако не постои начин да се измери или изброи кој колку допинг користи, но отприлика можеме да добиеме некоја слика од статистиките на Светската анти-допинг агенција за користењето на недозволени средства на Олимписките игри.
Резултатите од 26 спортови за периодот од 8 години покажуваат дека најмногу се допингуваат велосипедистите. Дури 3,7% од нивните тестовите биле позитивни.
Следни се боксерите со 3%, а најчист спорт е бадминтон со 0,87% позитивни тестови на недозволени средства.
Најчеста мета на Светската анти-допинг агенција биле фудбалерите (дури 30.398 тестови од кои 1,29% позитивни), следат атлетичарите (25.013), велосипедистите (21.427) и пливачите (13.138).