Економските анализи во Шпанската Премиера во новиот милениум покажуваат доста загрижувачки бројки за газдите на клубовите кои изгледа дека ќе мора да се ослободуваат од своите најскапи фудбалери или да ги намалуваат платите за да може да се спасат од банкрот.
Во сезоната 1999/2000 долгот на прволигашите во шпанскиот шампионат изнесувал милијарда евра, но секоја сезона тој се зголемувал за неколку стотици милиони евра. Максимумот е забележан во 2008/2009 кога изнесувал околу 3,6 милијарди евра.
Во оваа погубна година на клубовите од првата лига доколку се додаде и долгот на второлигашите од 522 милиони евра ќе се достигне бројка од 4,114 милијарди евра.
Со оглед на тоа што од наредната сезона ќе се зголеми контролата на финансиското работење на клубовите, планот на Шпанците е да го намалат долгот од 4 на 3 милијарди во период од 3 години или во просек да штедат по нешто повеќе од 300 милиони годишно.
Тоа би го извеле со скратување на годишните буџети од 100 милиони, потоа 100 милиони од продажба на играчи и исто толкава сума би заработиле дозволувајќи влез на странски инвестиции.